Силекс доведе четири нови фудбалери на крајот на преодниот рок

677
Екипата на Силекс на крајот од преодниот рок се одлучи во својот ростер да приклучи уште неколку фудбалери кои несомнено ќе го засилат истиот во тековнава сезона.
Прв на листата е дваесет годишниот Лука Јакимовски, пристигнува од Вардарски и ќе ја засили десната бековска позиција во одбраната. Тој е дете не Вардар.
Од Вардар Неготино доаѓа 22. годишниот Кристијан Ѓорѓиевски, новиот голман на тимот.
Средниот ред ќе добие свежина со 24.годишниот Стојче Стојов, кој пристигнува од Осогово. Последно име е 25.годишниот Зоран Андонов од Брера Струмица, играч кој може да ги покрие страничните позиции во нападот и одбраната.

ПретходноСе огласи фудбалерот на Билбао кој беше суспендиран поради допинг: Ги земав лековите на сопругата
СледноMaкедонија У17 на двомеч со Кипар во Радовиш