Челзи е на големи маки, подигнати се 74 обвиненија

174

Славниот Челзи е на големи маки, затоа што Фудбалскаат Асоцијација на Англија (FA) подигна 74 обвиненија против клубот, а се одинесуваат на неговата соработка со агенти и трети лига кои последувале во трансфери односно сложувања во играчи. Спорните моменти, се случувале во периодот од 2009 до 2022 година односно во периодот кога газда на клубот беше рускиот милијардер, Роман Абрамович.

Она што е пак мошне важно да се каже во овој момент, е што целиот случај го покренуваат новите сопственици на клубот, кои што ги откриле аномалиите во работењето при деталните анализи што ги правеле при купувањето на Челзи. Веднаш во соработка со FA било детектирано дека сите пропусти и нелегални активности се направени пред преземањето на клубот.

Челзи сега има десетина дена да се подготви и да одговори на обвинувањата. Секако, од Стемфорд Бриџ многу веројатно и тоа како ќе бидат подготвени за тоа, затоа што како што веќе се надеве, самиот клуб ја покренал оваа иницијатива. Евентуаните санкции се забрана за трансфери, одзимање на бодови, но со оглед дека целата операција е во корелација со самиот клуб, можно е да има само парична казна.

 

ПретходноДокторот на Наполи откри детали за состојбата на Лукаку
СледноДимитар Трајков на позајмица во Работнички