Атаман до последен момент ќе го чека охриѓанецот за утрешното полуфинале

115
фото: fiba.basketball

Турскиот кошаркар Чеди Осман и натаму останува неизвесен за полуфиналниот натпревар на Евробаскетот против Грција, објави селекторот на Турција, Ергин Атаман.

„Терапијата на Џеди е во тек. Тој не беше во можност да тренира со тимот денес. Неговата состојба ќе биде јасна непосредно пред почетокот на натпреварот“, рече Атаман на прес-конференцијата.

Осман (30) го повреди глуждот за време на четвртфиналниот натпревар против Шведска.

Кошаркарот роден во Охрид досега игра одлично на Евробаскетот, со просек од 14,9 поени, 2,4 скока и 1,6 асистенции, со процент на шут за три поени од 51,2 проценти.

ПретходноТудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето
СледноСудии за 5. коло во ПМФЛ: Бафто суди на дербито во Тетово