Барселона, Фухсе и Келце лесно до првите победи, дербито за Висла

25
фото: Barca Handball

Европскиот вицешампион Фухсе Берлин тргна со победа во новата сезона на Лигата на шампионите. Германците прилично лесно ги освоија бодовите на гостуѕвањето кај Нант, победувајќи со 34:40. Одлично издание имаше невериоојатниот Гидсел кој средбата ја заврши со 10 постигнати голови.

Уште полесна победа на домашен терен обезбеди Келце, кој го совлада норвешки Колштад со 38:27. Алекс Влах со 7 посгогнати гола беше лидер во победата на Полјаците.

До три бода дојде и Барселона. Каталонците на домашен терен беа подобри од ГОГ со 37:32. Со шест голови од исто толку обиди, Фернандез беше лидер на листата на стрелци кај Барселона.

Во првиот денешен меч кој беше и дерби на колото, Висла Плоцк го совлада ПИК Сегед со 33:34 на гостувањето во Унгарија. Гостите од Полска одиграа одлично второ полувреме, водеа со два гола разлика во последните 5 минути, но во завршницата се случи вистинска драма, кога гостите дојдоа до израмнување. Сепак, со голот на Дашек гостите дојдоа до победата.

ПретходноНов рекордер: На 70 години настапи во Купот на Русија
СледноСинот на Роналдињо потпиша за Хал Сити