Евролигата наскоро ќе се зголеми на 24 екипи

217

Претстојната сезона во кошаркарската Евролигата ќе се игра во изменет формат, со вкупно 20 клубови учесници, два повеќе од претходниот формат, но се чини дека многу скоро доаѓаат дополнителни промени во елитното европско натпреварување.

Ова може да се заклучи врз основа на последната изјава на тренерот на Армани Милано, Еторе Месина.

„Ние, како клуб и неговите сопственици, би претпочитале веднаш да преминеме на формат од 24 екипи. Од Управниот одбор на Евролигата ни беше кажано дека 20 екипи се само привремено решение за една година, додека се чека зголемување на 24 екипи“, откри Месина.

ПретходноСинот на Роналдињо потпиша за Хал Сити
СледноБелингем сака да се врати овој месец, Реал бара да почека до октомври