Очекувано: Клашченко повеќе не е селектор на Молдавија

23

Репрезентацијата на Молдавија ќе има нов селектор откако досегашниот кормилар, Сергеј Клешченко реши да си замине од функцијата. Ова беше и за очекување ако се знае дека оваа репрезентација на гостувањето кај Норвешка во рамките на Мундијалските квалификации прими единаесет гола во поразот од 11:1.

Катастрофата што не случи мораше да понесе и „жртви“, а секако дека прв на таа листа е селекторот.

„Наша е вината за овој пораз, тоа беше потсмев. Разочаран сум од сите. Мислам дека се подготвувавме за натпреварот, но се случи тоа што се случи. Сега ќе го раскинам договорот со федерацијата. Ставот на тимот кон мене е очигледен. Со такви луѓе во тимот, невозможно е да се постигнат добри резултати“, призна разочаран Клешченко.

ПретходноРаботнички потпиша и со Елмазовски
СледноФИФА ја прифати жалбата: Лапорт ќе биде нов играч на Атлетик(Б)