Пинар Каршиака е победник на меморијалниот турнир „Боби Петковски“

41

Екипата на Пинар Каршиака е победник на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија. Во финалниот меч екипата од Измир беше доста подобар ривал од косовскиот прволигаш Бора со 78-59.

Инаку, поради повреда здобиена ден порано, во полуфиналниот дуел со Работнички, за Пинар Каршијака не настапи Михаил Наумоски.

Во натпреварот за третото место Работнички го совлада Кожув со 85:71.

Џејкоб Хатсон оствари дабл-дабл ефект, имаше 20.поени и 10.скока во победничката екипа. Брет Томпсон постигна 18, Џордан Онил имаше 16, а Дамјан Робев заврши со 11.поени.

Во екипата од Гевгелија, Первис реализираше 17.поени, Хигс имаше 16, а Вучковиќ уште 11. поени.

ТУРНИР „БОБИ ПЕТКОВСКИ“ – ГЕВГЕЛИЈА

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Кожув – Бора 76:77

Пинар Каршијака – Работнички 84:74

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Кожув – Работнички 71:85

ФИНАЛЕ

Бора – Пинар Каршијака 59:78

ПретходноБутел Скопје ќе го пречека Дуделанж во „Јане Сандански“ – влезот е бесплатен!
СледноНБА смени правило, играчите повеќе нема да се грижат за индивидуалната статистика