„Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!

265
Фото: ФИБА

Грузија е една од селекциите која воодушеви на Евробаскетот. Беше елиминирана од Финска со пораз 79:93 во четвртфиналето, но тоа што стигнаа на чекор до борба за медал е голем успех. До таму ги водеше српскиот тренер и поранешен македонски селектор, Александар Џикиќ. По елиминацијата од првенството, новинарите го прашаа како му било да води селекција составена од играчи од народ познат по големата емотивност.

Џикиќ саркастично одговори:

„Да, за мене тоа е многу чудно затоа што јас сум Србин. Доаѓам од земја која е супер мирна, позната по трпение и љубезност. Мислам дека сме добар спој. Воопшто не ми пречи да работам со Грузијците. Ниту еден момент.“

Српскиот стратег ги пофали своите кошаркари:

„И многу сум горд на нив, баш многу. На тоа што го направија, затоа што само ние знаеме какви проблеми имавме, вие тоа не го знаете. Бидејќи сме родени и израснати да не ги делиме проблемите, и тоа е тоа.“

ПретходноВо исчекување на „Златната топка“, Дембеле го победи Јамал за уште една награда
СледноСтигна признание и од Загреб: Атмосферата беше одлична, Пелистер ја заслужи победата!