Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити.
Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори за едногодишен договор со 20-годишниот бразилски крилен напаѓач Жоао Мендеш, кој најпрво ќе игра за тимот до 21 година.
Синот на поранешниот напаѓач на Барселона и Бразил претходно играше за Крузеиро, Барса и Барнли.