Стигна признание и од Загреб: Атмосферата беше одлична, Пелистер ја заслужи победата!

97
Фото: Загреб

Победничко отварање на новата сезона во Лигата на шампиони за Пелистер. Македонскиот првак на домашен терен славеше против Загреб со 25-23 во драматична завршница.

Ракометарите на Пелистер ја имаа поддршката од своите навивачи, кои пак направија одлична атмосфера. Пофалба за истата имаа и од Загреб.

„Пелистер го отвори натпреварот подобро, тоа е јасно. Во второто полувреме успеавме да поведеме, но не бевме во право во клучните моменти и не успеавме да ја постигнеме нашата цел во оваа одлична атмосфера вечерва тука во Македонија“, изјави Филип Главаш, ракомеатрот на хрватскиот тим.

Тренерот на Загреб потенцира дека победа на Пелистер е заслужена иако и тие имаа своја шанса за бод.

„Тежок, тежок натпревар. Секако, бројот на технички грешки што ги направивме го одреди текот на овој натпревар. За жал, овој исход на крајот и заслужена победа за Пелистер, иако имавме шанса да освоиме бод тука. Во моментите кога имавме неколку голови и предност, нивниот голман направи неколку одбрани и не ни дозволи да го прекинеме натпреварот“, изјави тренерот на Загреб, Андрија Николиќ.

Во следното коло Пелистер е гостин на ПСЖ.

 

Претходно„Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!
СледноПет македонски кошаркарски тимови имаат забрана за трансфери