Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори ново четвртфинале откако во денешниот меч од второто коло на W75 турнирот во Букурешт ја совлада италијанската тенисерка Ноеми Басилети со 2-1 во сетови (36 63 64) за 130 минути игра.
Во првиот сет Ѓорческа поведе со 2:1 во гемови, но потоа следуваа четири гема за Италијанката Басилети која со тоа стигна до водство од 5:2 и сетот го доби со 6:3 и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет противничката на Ѓорческа имаше предност од 3:2 во гемови, а македонската тенисерка направи серија од четири гема и го доби сетот со 6:3 и изедначи на 1-1 во сетови. Неизвесноста продолжи и во решавачкиот сет. Басилети поведе со 3:1, а Ѓорческа со три освоени гема дојде до предност од 4:3. По 4:4 во гемови, македонската тенисерка освои два гема и притоа во последниот гем ја искористи четвртата меч топка, а притоа успеа да спаси и една брејк-топка за 5:5. Во третиот сет резултатот беше 6:4 за Ѓорческа.
Утре во четвртфиналето Лина Ѓорческа ќе игра против Лаура Хиетаранта од Финска, која со 2-0 во сетови ја совлада Јулија Авдеева.