Maкедонија У17 на двомеч со Кипар во Радовиш

82

Македонската репрезентација до 17 години на 16. и 18. септември во Радовиш ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Кипар. Селекторот на нашата репрезентација, Владимир Колев за двете пријателски пресметки повика 22 фудалери:

Голмани: Даријан Денковски (Македонија Ѓ.П.), Ринор Цека (Шкендија), Амин Суловиќ (Скопје);

Одбрана: Мартин Џангаров  (Македонија Ѓ.П.), Филип Цветковски (Вардар), Вилијам Ангеловски (Вардар), Алекса Јазагиќ (Македонија Ѓ.П.), Марко Иванов (Копер, Словенија), Јаков Ангелов (Викторија, Германија), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Алек Чедомирски (Македонија Ѓ.П.), Анес Бајрами (Шкупи);

Среден ред: Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Лука Георгиев Јасмин (Македонија Ѓ.П.), Андреј Цветковски (Вардар), Лука Кнежевиќ (Македонија Ѓ.П.), Сонер Ракипи (Шкендија), Марко Мирчевски (Охрид), Илија Паласкаров (Кожув), Ендрид Ганиу (Приштина, Косово), Дарин Михајловски (Македонија Ѓ.П.), Руфати Сеид (Шкендија);

Напад: Васко Папалиски (Парк), Благојче Седлоски (Парк), Иса Мустафа (Парк);

Мечевите на градскиот стадион во Радовиш ќе се одиграат од 15:30 часот (16. септември) и во 13:00 часот (18. септември). Македонија до 17 години во октомври ќе одигра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за ЕП. Противници на турнирот на кои сме домаќини ќе ни бидат Унгарија (08. октомври), Чешка (11. октомври) и Гибралтар (14. октомври).

 

ПретходноСилекс доведе четири нови фудбалери на крајот на преодниот рок
СледноПознати се термините за полуфиналните пресметки на Евробаскетот!