Алонсо го избркал Ридигер од тренингот на Реал

151

Реал Мадрид добро ја започна новата сезона, но дел од фудбалерите јавно искажаа незадоволство од својата минутажа на теренот. Меѓу нив е и Антонио Ридигер, кој неодамна влезе во жестока расправија на тренингот на Реал Мадрид со Винисиус Жуниор.

Шпанските медиуми објавуваат дека сè започнало кога Германецот остро стартувал врз Бразилецот, по што следеле остри зборови и туркање. Алонсо решил да го испрати Ридигер дома за да ја смири ситуацијата, притоа довикнувајќи му „збогум“ на Германецот.

Ридигер подоцна им се извини на своите соиграчи, особено на Винисиус, но неговото незадоволство што не е во прв план на Алонсо останува, како и фактот дека неговиот договор истекува во јуни 2026 година.

ПретходноФиналето на Лигата на шампионите во 2027 ќе се одигра во Шпанија
СледноТудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето