Во исчекување на „Златната топка“, Дембеле го победи Јамал за уште една награда

83
ФОТО: FC PSG/FB

Фаворитот за „Златна топка“, Усман Дембеле, веќе е сопственик на уште една вредна индивидуална награда „le Onze d’Or 2025“. Ја доделува годишно француското списание „OnzeMondial“. Исто како наградата Франс Фудбал, се однесува за најдобриот играч на европските првенства од претходната сезона.

Во сезоната 2024/25, францускиот напаѓач освои пет трофеи во Париз Сен Жермен. Заврши со 35 гола и 16 асистенции на 53 натпревари на сите турнири.

Во гласањето, тој е пред Ламин Јамал (Барселона), кој е негов главен ривал за „Златната топка“. Дембеле има 32,5% од гласовите наспроти 30% за Шпанецот. Изборот го прават читателите на списанието.

ПретходноМЗТ Скопје врати Американец кој играше во сезоната 2021/22
Следно„Сарказам 101“ во режија на Џикиќ: Јас сум Србин, доаѓам од земја која е позната по совршен мир!