Македонија до 17 години (жени) против Италија го отвора турнирот во Градишка д’Изонцо

48

Македонската женска репрезентација до 17 години денеска во Италија со натпревар против домашната репрезентација го отвора пријателскиот турнир на кои уште учествуваат селекциите на Словенија и Република Ирска.

Селекторката на нашата млада женска репрезентација, Катерина Милеска за турнирот во Италија смета на следните фудбалерки:

Голмани: Теа Сапунџиев (ЖФК Истатов), Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје);

Одбрана: Сара Димитровска (ЖФК Скопје), Лина Мицовска (ЖФК Кочани), Ихдина Речи (ЖФК Ас Јунајтед), Ема Нановска (ЖФК Истатов), Јована Стојанова (ЖФК Кочани), Блехана Алиевска (ЖФК Скопје), Арба Мерко (ЖФК АС Јунајтед);

Среден редТамара Лазеска (ЖФК АС Јунајтед), Уна Јосевска (ЖФК Истатов), Нина Манасиева (ЖФК Кочани), Глорија Стојановска (Team AFF-FFV), Ноел Митревски (Nitros Toronto), Ана Марија Цветкоска (WFC Langhus);

НападЛана Спасовска (ЖФК Речица), Елена Наумоска (ЖФК Скопје), Христина Јовановска (ЖФК Каменица Саса), Марија Велиновска (ЖФК Кочани), Розита Пецева (ЖФК Тиверија);

*болдираните фудбалерки се во почетниот состав на Македонија за натпреварот со Италија од 15:00 часот. 

На 12. и 14. септември, Македонија до 17 години ќе ги одигра натпреварите против Словенија и Република Ирска. Девојките предводени од Катерина Милеска се подготвуваат за квалификацискиот турнир, рунда 1, за пласман на ЕП до 17 години. На турнирот од 23. до 29. октомври, Хрватска е домаќин на Македонија, Италија и Финска.

 

ПретходноФатих Терим ќе биде селектор на Чешка
СледноЦентарот за едукација го комплетираше првиот модул од УЕФА курсот за ПРО тренерска лиценца