Екипата на Силекс на крајот од преодниот рок се одлучи во својот ростер да приклучи уште неколку фудбалери кои несомнено ќе го засилат истиот во тековнава сезона.
Прв на листата е дваесет годишниот Лука Јакимовски, пристигнува од Вардарски и ќе ја засили десната бековска позиција во одбраната. Тој е дете не Вардар.
Од Вардар Неготино доаѓа 22. годишниот Кристијан Ѓорѓиевски, новиот голман на тимот.
Средниот ред ќе добие свежина со 24.годишниот Стојче Стојов, кој пристигнува од Осогово. Последно име е 25.годишниот Зоран Андонов од Брера Струмица, играч кој може да ги покрие страничните позиции во нападот и одбраната.