Баер со домашен триумф над Ајнтрахт

27

На отворањето на новото Бундеслигашко коло викендов, вечерва тимот на Баер Леверкузен на домашен терен успеа да слави со конечни 3:1, над тимот на Ајнтрахт Франкфурт.

Домаќинот на овој меч добро го отвори истиот со гол во десеттата минута на Грималдо. Во судиското продолжение од првиот дел Шик зголеми на 2:0. Гостите се вратија во игра резултатски преку Узун во 52. минута. Двата црвени картони за Баер на Андрич иФернандез ја направија завршницата интересна, но наместо гостите да изедначат, Грималдо со својот втор гол ги постигна конечните 3:1.

 

ПретходноНестор погоди за Славен, Дориев двоен стрелец (ВИДЕО)
СледноСевиља се спаси од пораз против Елче