Елмас: Подготвени сме за подвиг на Арената против Вардар

151

Во таборот на Македонија ЃП пред репрезентативната пауза ја направија можеби најважната работа сезонава. Ја прекинаа серијата порази на стартот на ПМФЛ шампионатот и обезбедија бодови против Пелистер на домашен терен.

Сега, откако домашниот шампионат се рестартира Македонија ЃП доаѓа на Арената на дуел со Вардар. Се знае што значи тоа. Мотивација до небо, за младите фудбалери на „лавовите“, но и респект за противникот кој во моментов е на самиот врв на табелата.

„Нормално дека сме мотивирани до максимум. Вардар е мотивација сам по себе. Вечерен термин на Арената, публика. Кој не би сакал да биде дел од овој меч. Вардар е фаворит но на хартија. Далеку од тоа дека ние ќе го прецениме противникот. Знаеме што можеме, МЃП има квалитет да му се спротивстави на секого. Конечно го „скршивме мразот“ против Пелистер и сега само треба да продолжиме понатаму во ПМФЛ шампионатот. Имаме капацитет и квалитет да го изненадиме Вардар вечерва“ – изјави Мухамед Елмас

ПретходноЕвробаскет 2025: Кој ќе зачекори кон европското злато?
СледноУ18: Македонија со контролни натпревари против Индонезија и Унгарија