Трумчи: Ќе мора да дадеме се од себе за три бода

58
фото: KF Shkëndija (Facebook)

Во рамките од 5. коло во Прва МФЛ, Шкендија како противник го има тимот на Башкими. Сепак, овој меч за тетовските „црвено-црни“ ќе биде четврти сезонава, со оглед дека минатиот од 4. коло беше одложен поради настапите на шампионот во плеј-офот во Лигата на Европа и натпреварите на нашата селекција до 21 година. Досега тимот има две победи и едно „реми“ во шампионатот.

Десниот бек на Шкендија, Александер Трумчи го најави утрешниот натпревар против Башкими.

„Атмосферата во екипата е многу добра. Добро нѝ дојде малиод одмор, бидејќи поминавме еден период со многу згуснат распоред. Добро сме подготвени за натпреварот со Башкими. Го имаме анализирано добро противникот, и можам да кажам дека станува збор за многу сериозна екипа, и ние мораме сериозно да го сфатиме овој натпревар, да излеземе на терен, да дадеме максимум и да ги освоиме трите бода“, изјави Трумчи.

Фудбалерот на Шкендија рече дека посакува многу публика, убава атмосфера во Тетово, со присуство на навивачки групи на двата тима.

„Со нетрпение очекуваме да играме пред нашата публика, затоа што ни недостасува на овие натпревари. Ќе го дадеме максимумот на секој меч да го освоиме првото место, што е и наша цел. Очекувам добра атмосфера на стадионот, затоа што и ние и нашиот противник има добри навивачи. Очекувам убав меч, во кој ќе уживаме и ние, и публиката која ќе дојде на стадионот“, заврши десниот бек на тетовци.

ПретходноПелистер останува неколку недели без капитенот Ивановски
СледноОфицијално: Мартин Ѓоргиевски претставен во Артис Брно