УЕФА дозволи промена на составите за ЛШ доколку некој сериозно се повреди

68

УЕФА објави промена на едно од правилата кои се однесува на регистрација на фудбалери за Лигата на шампионите. Имено, од оваа сезона клубовите ќе можат да направат замена на фудбалер кој за време на мечевите од лигашкиот дел ќе претрпи долгорочна повреда.

Замените ќе бидат правени од т.н. привремена листа на фудбалери кои не се најдоа во составите на оние 25 играчи кои беа пријавени за учество во новата сезона. Оваа одлика на УЕФА би можела да ги спаси играчите кои беа изоставени од составите на нивните клубови за Лигата на шампионите.

Имено, петте англиски клубови кои ги регистрираа своите состави за елитното европско натпреварување минатата недела, изоставија и некои големи имиња кои нема да ја видат ЛШ оваа сезона. Новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, го изостави Матис Тел, Габриел Жесус не успеа да обезбеди место во тимот на Микел Артета, Енцо Мареска го изостави новото засилување Факундо Буононоте, додека „суров“ потег имаше и Арне Слот, кој го изостави Федерико Киеза од Ливерпул.

ПретходноБелингем сака да се врати овој месец, Реал бара да почека до октомври
СледноАлими се враќа во Тетово: И реми ќе ни заврши работа