Германија е првиот финалист на Европското првенство

70
Фото: ФИБА

Првото полуфинале на Европското првенство заврши без сензација. Финска својот настап го завршува, во финалето оди актуелниот светски првак, Германија, откако славеше со 98-86.

Победата е сосема заслужена, освен во првата четвртина, германските кошаркари доминираа во преостанатиот дел од мечот. Германија после 20 години ќе игра финале на ЕП. Шрудер со 26 поени и 12 асистенции беше лидер, зад него беше Вагнер со 22 поени. На другата страна Нкамуа постигна 21 поен.

Финска добро го отвори мечот, во првата четвртина водеше со 6-14, а по последните плус седум (11-18) противникот со серија од 10-0 дојде до водство од 21-18. Германија од овој момент го превзема водството, во втората четвртина имаше +19 (49-30). На одморот резултатот беше 61-47. Иако се чинеше дека за Германија ова ќе биде рутинска победа особено по плус 18 (75-57), сепак Финците дојдоаа на минус шест (79-63). За жал не успеаја да го задржат ритамот нешто подоцна, светскиот првак цврсто чекореше кон финалето.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Грција и Турција, мечот е закажан во 20 часот.

ПретходноШкендија со „тенка“ против Башкими
СледноАврамовски е нов играч на Сиваспор