Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објавi списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за ЕХФ-неделата која е закажана за периодот од 15.09.2025 до 21.09.2025 година.
На спискот ја нема најдобрата ракометарка, Сара Ристовска, без Јована Мицевска, како и ушѕе неколку стандардни репрезентативки.

Во рамки на истиот турнир кој ќе се одржи во Охрид ќе настапат селекциите на Тунис, Египет, Грција и Македонија. Македонија отвара против Тунис, а ќе игра во вториот термин од 20:30 часот.
Распоред и термини на натпреварите:
18.09.2025 – Четврток
- 18:15 часот Грција – Египет
- 20:30 часот Македонија – Тунис
19.09.2025 – Петок
- 18:15 часот Тунис – Грција
- 20:30 часот Македонија – Египет
20.09.2025 – Сабота
- 14:00 часот Египет – Тунис
- 16:30 часот Македонија – Грција
Собирот е закажан за ден 15.09.2025 (понеделник), со почеток во 09:00 часот од пред канцелариите на Ракометна Федерација на Македонија.