Одредени и саатниците: Вардар против Сесвете на 14 октомври од 18:45 часот

45
фото: RK Vardar 1961 (Facebook)

Европската ракометна федерација го одреди и комплетниот распоред и саатниците за натпреварите во групната фаза од ЕХФ Европската лига. Македонскиот претставник Вардар натпреварите во ова второ по ранг еврпско клупско натпреварување ги започнува на домашен терен на 14 октомври против хрватски Сесвете. Мечот ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.

Потоа „црвено-црните“ во истиот термин (18:45) ќе гостуваат кај Тулуз и Кристијанштад, па во Скопје ќе гостуваат Швеѓаните. Во терминот од 20:45 часот Вардар ќе ги одигра последните два меча во групата, на гости кај Сесвете и дома со Тулуз.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
14.10.2025 – Вардар – Сесвете (18:45 ч.)
21.10.2025 – Тулуз – Вардар (18:45 ч.)
11.11.2025 – Кристијанштад – Вардар (18:45 ч.)
18.11.2025 – Вардар – Кристијанштад (18:45 ч.)
25.11.2025 – Сесвете – Вардар (20:45 ч.)
02.12.2025 – Вардар – Тулуз (20:45 ч.)
ПретходноЛина влезе и во полуфиналето на турнирот во Романија
СледноМакедонија со свој тим на Европското првенство во пикелбол во Италија