Откако пред два дена објавивме дека македонскиот младински репрезентацивец Мартин Ѓоргиевски се сели во Втората лига на Чешка, денеска и официјално е потврден неговиот трансфер.
Ѓоргиевски од денеска е нов фудбалер на екипата на Артис Брно (поранешна Збројовка), каде ќе го има првото свое интернационално искуство.
Ѓоргиевски беше еден од најквалитетните фудбалери во ПМФЛ, па сега треба да ја надоградува својата кариера и да чека шанса и во нашата репрезентација.