Повторно без Американци: НБА го состави списокот на кандидати за МВП

67
Фото: Принтскрин/Денвер/Твитер

Како што се приближува НБА сезоната 2025-26, едно од главните прашања меѓу аналитичарите и навивачите е кој ќе ја однесе наградата за најкорисен играч (МВП). Во последниве години, бевме сведоци на целосна доминација на меѓународните кошаркари, а овој тренд се чини дека ќе продолжи и во претстојната сезона, пишува НБА.

Најпрестижната индивидуална награда во лигата е цврсто во рацете на странските играчи. Последниот Американец што ја освои беше Џејмс Харден во 2018 година. Оттогаш, странците не само што го освоија трофејот, туку редовно го заземаа самиот врв на ранг-листата по гласање.

Минатата сезона, на пример, првите три места им припаднаа на Шај Гилџус-Александар, Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо. Покрај тоа, повеќето од главните кандидати се уште се во својот цут, што сугерира дека нивната доминација би можела да продолжи.

Листата на оние со најдобри шанси е составена по азбучен ред од НБА: Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Шај Гилџус Александар, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

 

ПретходноАлегри го одби Џака бидејќи е премногу бавен, а ПСЖ бидејќи е лига на „ергени и женети“
СледноСлот: Не го донесовме Исак за две недели, туку за шест години!