Репрезентацијата на Турција е вториот партник во големото финале на ЕВРО басекетот откако таму претходно обезбеди пласман репрезенѕацијата на Германија.
Во речиси совршено одигран меч, Турција вечерва ја совлада Грција со огромни 94:68 и на тој начин си обезбедија уште еден историски дуел за континентална титула.
Турците на овој меч доминираа уште од самиот старт и ја добија првата четвртина со 26:16. Грција не успеа да се врати ниту во втората делница која што противникот ја доби со 23:15, по што беше јасно каде оди овој натпревар.
По паузата Грција нешто се консолидираше и третиот дел го загуби со само три поени, 23:20, за да на крајот нашиот јужен сосед биде тотално демолиран.
Стрелец број еден на мечот е Османи со 28 поени, а Чеди Осман застана на негови 17.