Евробаскет 2025: Кој ќе зачекори кон европското злато?

52

Арената во Рига денеска ќе биде местото на двете големи полуфинални пресметки на Европското кошаркарско првенство. Четири селекции останаа во трката за европската круна, а само две ќе ја имаат шансата да стигнат до финалната битка.

Првата полуфинална средба, закажана за 16 часот, ќе ја донесе пресметката меѓу Германија и Финска. Германија влезе на турнирот како актуелен светски шампион и ја оправда фаворитската улога . Во четвртфиналето ја совлада Словенија, и покрај брилијантната партија на Лука Дончиќ, кој постигна дури 39 поени. Сега на ред се „ладните“ Финци кои со своите настапи ги згреаја срцата на многубројните кошаркарски фанови во Европа.

„Имаме респект за Финска, но нема место за потценување. Овој меч е нова приказна. Ќе мораме да бидеме ментално цврсти и физички подготвени,“ изјави Даниел Тајс, еден од столбовите на германскиот состав.

Финска, пак, има денови за историја на ова Европско првенство. Во четвртфиналето ја совлада Грузија со 93‑79 и за првпат во историјата стигна до полуфиналето.

„Се бориме не само за медал, туку за иднината на финската кошарка. Нашите играчи веруваат. Ова е момент за генерации,“ изјави селекторот Ласи Туови.

Интересно е што овие две селекции веќе се сретнаа во групната фаза, каде Германија убедливо победи со 91‑61.

Во втората полуфинална пресметка (20 часот), страстите ќе се вжештат лутите балкански ривали – Грција и Турција. Грција очекува прво финале од 2005 година и борба за нова титула.

„Не играме само за победа – играме за гордоста на една нација. Секој натпревар е нова шанса да докажеме дека Грција е повторно во елитата,“ порача Јанис Адетокумбо.

Турција, од друга страна, направи сензација со пласманот меѓу најдобрите четири по пауза од речиси две децении.

„Нашата енергија, младост и желба за успех се нашата најсилна страна. Нема фаворити во полуфинале. Ќе играме со срце,“ изјави турскиот селектор Ергин Атаман.

Последниот меѓусебен дуел на овие две селекции на големо натпреварување беше пред осум години.

ПретходноОфицијално: Мартин Ѓоргиевски претставен во Артис Брно
СледноЕлмас: Подготвени сме за подвиг на Арената против Вардар