Еден ама вреден…Вардар минимално во градската пресметка со МЃП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

179

Тимот на Вардар ја забележа третата победа во четвртото ПМФЛ коло од овогодинешниот шампионат. Предмалку, „Црвено – црните“ ја одработеа задачата на домашен терен на Арената Тодор Проески во Скопје, против локалниот ривал, Македонија ЃП. Триумфот го донесе Азер Омерагиќ на стартот на вториот дел, по катастрофалната грешка на Пецов однодно Јанков на голот на „Лавовите“.

Вардар не го одигра својот најдобар меч сезонава, тоа е сигурно, како што се и сигурни трите бода на контото. Тие се најважни, а играта и формата секако дека се променливи односно поправливи.

Дебито за својот нов клуб, го дочека Давид Бабунски, кој што влезе во второто полувреме на овој меч.

ПретходноОмерагиќ за нов триумф на Вардар сезонава
СледноТурција за Грција е Америка