Мартин Алаѓозовски е нов тренер на тимот на Брера

313

Екипата на Брера по заминувањето на Панче Стојанов од кормилото на првиот тим ќе ја води младиот стратег Мартин Алаѓозовски.

Се работи за тренер кој што подолг период е дел од младинските категории на Брера, а има ангажмани и во младинските репрезентации на Македонија.

Доделена му е исклучително важна задача, да го води тимот кој што во моментов е во незавидна ситуација на табелата.

Алаѓозовски ќе дебитира веќе утре кога тимот на Брера на домашен терен ќе го пречека Шкупи.

 

ПретходноФК Тиквеш со соопштение: Инвеститорот до среда да ги подмири долговите инаку клубот ќе се врати на општината
СледноОмерагиќ за нов триумф на Вардар сезонава