На стартот на новото фудбалско коло ширум Европа и светот, двајца наши интернационалци денеска се запишаа во листата на стрелците.
Искусниот Илија Несторовски за својот тим Славен Белупо постигна гол во второто полувреме против тимот на Истра на домашен терен и на тој начин стигна до победа од конечни 2:1.
Од друга страна пак, Љупче Дориев, за својот тим Согдиана во шампионатот на Узбекистан е двоен стрелец во домашната победа од 4:1 над тимот на ОКМК.