Полувреме на Арената: Вардар и МЃП без голови

54

Во вториот денешен дуел од новото, петто коло од домашниот ПМФЛ шампионат екипите на Вардар и Македонија ЃП, на Арената Тодор Проески во Скопје на полувреме играат без голови 0:0.

Мечот не може да се окарактеризира, барем за сега, како еден од подобрите на тимот на Вардар, затоа што освен шансата на Матиќ со глава на стартот на мечот, домаќинот и не создаде нешто поконкретно.

Од друга страна пак, Гереро на асистенцијата на Христов во седмата минута ја имаше најсериозната шанса на овој меч, но колумбиецот шутираше директно во Талески.

 

ПретходноЛоши вести од Мадрид: Рудигер во „аут“ три месеци
СледноФК Тиквеш со соопштение: Инвеститорот до среда да ги подмири долговите инаку клубот ќе се врати на општината