Севиља се спаси од пораз против Елче

26

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2. И тоа се спаси од пораз со гол постигнат во 85. минута.

Се тргна добро за тимот на Севиља на овој меч откако Ромеро погоди за водство во 28. минута.

Во вториот дел, Елче направи комплетен пресврт со головите на Андре Силва односно Мир.

Сепак, домаќинот успеа да спаси под преку погодокот на Пеке на пет минути до крајот.

Елче по четири меча има шест бодови, додека Севиља од четири меча има исто толку бодови.

 

ПретходноБаер со домашен триумф над Ајнтрахт