У18: Македонија со контролни натпревари против Индонезија и Унгарија

88

Македонската репрезентација до 18 години на 13 септември против Индонезија и 17 септември против Унгарија ќе одигра два контролни натпревари. Првиот против Индонезија ќе се одигра во Банско, Бугарија, е пресметката против Унгарија е закажана на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот на нашите надежи, Димитар Капинковски за двата натпревари ќе смета на следните 23 фудбалери:

Голмани: Александар Трајков (Брера), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Андреј Димовски (АП Брера), Стефан Стаматовски (Вардар), Павел Марковски (Црвена Звезда, Србија), Стефан Секирски (Беласица), Рочи Албан (Воска), Мухамед Мустафи (Ст. Гален, Швајцарија), Матео Кесиќ (Јединство УБ, Србија);

Среден ред: Габриел Талески (АП Брера), Иван Танчев (АП Брера), Бојан Велков (АП Брера), Иво Маркоски (Вардар), Давид Ангелески (Пелистер), Јован Мрмачковски (Пелистер), Душан Заев (Црвена Звезда, Србија), Флори Иљази (Шкендија), Флорен Османи (Арсими), Мартин Горгиев (АП Брера);

Напад: Матеј Сејменов (АП Брера), Стефан Бујаровски (Вардар), Стефан Бранкоски (Марибор, Словенија), Дамјан Буцевски (ИМТ, Србија);

ПретходноЕлмас: Подготвени сме за подвиг на Арената против Вардар
СледноЛидс Ј. сака да им понуди на Мурињо и Нуно Санто да го преземат кормилото