Предмалку Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци излезе со соопштение во кое ги разрешува сите дилеми околу моменталната состојба во клубот, пред се од финансиски аспект, а потоа и од организациски.
Многу шпекулации се појавија во јавноста околу ситуацијата во Тиквеш и турските инвеститори кои го преземаа клубот летово. За да истите не одат во недоглед ФК Тиквеш одлучи со соопштение да ги разреши сите дилеми.
Конкретно, доколку до среда, сопствениците на клубот не ги подмират досегашните долгови, до среда, 17 септември, општината ќе си го врати клубот во владение.