Анчелоти: За да се врати во репрезентацијата, Нејмар мора прво физички да се подготви

34

Јавноста во Бразил е опседната со својот нов селектор на фудбалската репрезентација Карло Анчелоти, од кого очекуваат многу. Италијанецот многу често е присутен во јавноста, а при последното појавување јавно беше прашан околу статусот на Нејмар.

„Не треба да го гледам Нејмар за да знам што може да направи. Тоа одамна е познато. Но, и тој и јавноста мора да сфати дека за да се биде дел од репрезентацијата на Бразил, мора да се биде на највисоко можно физичко и тактичко ниво. Нејмар тоа ниво мора да по достигне. Ако е во форма, ќе биде дел од тимот. Сите сакаат повторно да го видат во врвна форма“, нагласи Анчелоти.

Нејмар не заиграл за Бразил од октомври 2023 година, а во меѓувреме секако се опоравуваше од повредата на лигаментите.

 

ПретходноПМФЛ полувреме: Хрвановиќ му донесе водство на Силекс, Џеков во болница, „нула“ во Струмица
СледноКаљари со три домашни бода против Парма