Бутел Скопје по печат за 2. коло во ЕХФ Европскиот Куп, дерби во Кавадарци!

49
фото: RK Butel Skopje (Facebook)

Еден европски и три домашни ракометни натпревари се резервирани за саботниот распоред.

Бутел Скопје во малата сала во „Јане Сандански“ го пречекува Дуделанж во рамките на реванш мечот од првото квалификациско коло во ЕХФ Европскиот Куп. Мечот е закажан со почеток во 18:00 часот, а влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен. На првата средба избраниците на Горан Кузманоски славеа со 31-27, со оглед на тоа дека доминираа, очекуваме нова победа за пласман во второто коло во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата сезона го освои Алкалоид.

Кога сме кај Кирил Лазаров и неговите момци, по ремито со ГРК Охрид на домашен терен, денеска му гостуваат на Тиквеш, во меч од второто коло. Овој дуел стартува во 18 часот. Во истиот термин Пелистер го пречекува Пролет, додека половина час подоцна ГРК Охрид е домаќин на Струга во езерското дерби.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – 2. КОЛО 
13.09.2025 САБОТА
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК АЛКАЛОИД
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ПРОЛЕТ 62
18:30 часот ГРК ОХРИД – РК СТРУГА
14.09.2025 НЕДЕЛА
17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ВАРДАР 1961
18:00 часот РК ПРИЛЕП – МРК КУМАНОВО
17.09.2025 СРЕДА
19:00 часот РК РАДОВИШ – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

 

ПретходноРакометен караван 2025: Миркуловски, Кастратовиќ и Ѓорѓиевска специјални гости!
СледноСпанулис после катастрофалниот пораз: Не бевме подготвени