Гаштаров не застанува, петти гол сезонава за Црвена Звезда

336

Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров е во одлична голгетерска форма. Викендов тој за младинскиот тим на Црвена Звезда повторно е стрелец, по петти пати сезонава.

Неговиот гол е дел од победата против тимот на Спартак на гостински терен, а покрај Гаштаров, за тимот секако настапи и стандардниот десен бек, Горазд Ристовски.

Гаштаров иако генерација помлад веќе е стандарден во У21 генерацијата на Македонија, а дебитираше и за сениорскиот тим на Црвена Звезда.

 

ПретходноДинамо Букурешт гостин на Пелистер за 80. годишниот роденден
СледноПМФЛ полувреме: Хрвановиќ му донесе водство на Силекс, Џеков во болница, „нула“ во Струмица