ГРК Охрид како „фурија“, ја победи Струга со 24 гола разлика

44
фото: ГРК Охрид (Facebook)

Екипата на ГРК Охрид најави дека оваа сезона езерско дерби нема да гледаме. На домашен терен славеше против Струга со 40-26 за прв триумф во Супер-лигата.

Охриѓани немаа милост кон противникот, ја користеа секоја шанса да го „наполнат“ голот на гостите. После едно полувреме дадоа 24 гола, додека на другата страна стружани постигнаа само седум. Не се промени ништо на теренот, домнираше само еден тим – ГРК Охрид.

Цирар и Ристески имаа по седум гола, на другата страна Атанасовски постигна шест погодоци.

ПретходноКаков шок: Бутел Скопје елимниран од ЕХФ Европскиот Куп
СледноЛудо „Дерби на Италија“: 19-годишниот Аџиќ донесе победа за Јувентус (ВИДЕО)