По повод 80.годишнината од основањето на ФК Пелистер, кое се слави годинава, клубот од Битола во месец октомври огранизира прослава која што е за паметење. Програмата која што ќе трае во текот на целата недела, ќе кулминира со гостување на романскиот гигант Динамо Букурешт, инаку поранешниот клуб на спортскиот директор на Пелистер, Мирко Ивановски.
Агенда за прославата на јубилејот „80 години од постоењето на ФК Пелистер“
● 11.10.2025
18:00 -Официјална прес-конференција на ФК Пелистер и Динамо Букурешт во прес-салата на стадионот „Петар Милошевски“
19:00 – Свечена академија на ФК Пелистер во салата на Народниот театар во Битола
● 12.10.2025
20:00 -Меѓународен пријателски натпревар – Пелистер – Динамо Букурешт
22:30 -Свечена вечера на претставниците на двата клуба
ФК Пелистер дополнително ќе ја извести јавноста за останатите активности и продажбата на билетите за натпреварот.