Бутел Скопје не успеа да се пласира во второто квалификациско коло во ЕХФ Европскиот Куп, откако на домашен терен против Дуделанж не успеа да ја одбрани позитивата од четири гола од првиот меч. Македонскиот тим по голема драма беше совладан со 24-29.
Избраниците на Горан Кузманоски не блескаа како на првата средба, противникот им направи проблеми, на одморот водеше со 12-13, а веќе во следниот период продолжи да се заканува и тоа сериозно.
На три минути до крајот гостите поведоа со 23-27 за вистинска драма по што Кузманоски повика тајм-аут. Спасовски не реализираше од седум метри, но Субашевски намали на 24-27. Гостите не застанаа, постигнаа уште два гола за конечни 24-29 и пласман во второто коло.
Субашевски постигна седум гола кај Бутел Скопје, на другата страна Лабонте реализираше шест.