Тимот на Силекс преку Хрвановиќ води на полувреме во дуелот против Работнички во Кратово во рамките на најновото петто коло од домашниот ПМФЛ шампионат.
Во 43. минута одличен скок на Хрвановиќ кој искористи добар центаршут од лево и погоди во подалечниот агол од голот на Василев.
Претходно мора да се напомене дека домашната екипа доживеа пех со повредата на првиот голман Џеков. Тој во дуелот со својот У21 колега Трајков се повреди и мораше со возилото на итната помош да биде овдезен. Го замени искусниот Даниел Божиновски кој пак направи кадринална грешка и му дозволи на Кадриу да излезе сам пред празниот гол и за неверување да го промаши.
Од друга страна пак, во Струмица, екипите на Брера и Шкупи засега играат без голови.