Брентфорд извади реми: Челзи остана без победа во судиското продолжение

17
фото: Premier League (X)

По Кристал Палас на стартот на сезоната и екипата на Брентфорд успеа да остане непоразена на дуелите со Челзи во Премиер лигата. Вечерва во последниот меч за денеска, Брентфорд успеа да извлече бод на дуелот со „сините“, кои имаа водство до 93. минута.

Мечот тргна добро за домашните кои со голот на Шаде во 35. минута заминаа на пауза со водствоод 1:0. Челзи влезе мотивирано во второто полувреме и успеа да направи пресврт. Рековалесцентот кол Палмер кој влезе од клупата погоди за 1:1 во 61. минута, додека Каиседо со голот во 85. минута ги донесе гостите и до 1:2.

Иако се изгледаше загубено за домашните, Карваљо во третата минута од судиското продолжение успеа да погоди за 2:2 и да остави еден бод на домашен терен за екипата на Брентфорд.

ПретходноПовратнички 20-тина минути за Елмас: Наполи славеше против Фиорентина (ВИДЕО)
СледноЛегендата влезе во полуфинале: Со 38 години сака ново финале и медал на „стотка“