Брера против Шкупи сака да стигне до првиот триумф во новата сезона

31

АП Брера по четири одиграни кола е без победа и со два освоени бода, а од минатата седмица продолжи да работи и без Панче Стојанов, кој поднесе оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Работата ја продолжија неговите асистенти, а тимот се надева дека денеска на домашен терен против Шкупи може да дојде до првиот триумф во новата сезона.

Покрај тренерот Панче Стојанов, во текот на оваа седмица од клубот замина и Мартин Ѓорѓиевски, кој направи трансфер во Чешка и потпиша за Збројовка Брно. Ова секако е голем удар за тимот на Брера, кој ќе се обиде со тимска игра да го надомести заминувањето на младинскиот репрезентативец и еден од највлијателните играчи во составот.

На стадионот „Благој Истатов“ во Струмица денеска (15:30 часот) гостува Шкупи, тимот кој е единствен без освоен бод и со четири порази во досегашните четири кола од Прва МФЛ.

 

ПретходноАдили: Фокусирани сме и подготвени
СледноЌе биде спектакл: Познат е терминот за финалето на Евробаскетот