ВМФЛ: Брегалница од -2 до убедлив триумф, Скопје победнички во Кочани, Саса броеше до 8 а Кожуф до 7!

194
ФОТО: FK Bregalnica/FB

Попладнево се одиграа шест меча од 4.коло во ВМФЛ. Речиси на сите нив беше супер – интересно.

Брегалница дома со Новаци губеше со 0:2, сите помислија дека тоа ќе биде голема сензација. На пауза се замина со 1:3, но затоа во второто полувреме “сините“ покажаа квалитет и дојдоа до убедлива победа од 4:2.

Скопје ги освои сите три бода во Кочани по победата над Осогово како гостин со 2:3. Домашните водеа со 1:0, но „пиратите“ сепак славеа екстра значајна победа.

Во Прилеп исто пресврт. Победа уште во раната фаза од средбата поведе со 2:0, но сепак на крајот Охри славеше со 2:3.

Шкендија (А) во Куманово како домаќин ги освои „планираните“ три бода откако го победи составот на Г. Коњари, тим кој на првите четири меча во ВмФЛ прими дури 20 голови.

Кожуф ја “торпедираше“ Преспа со 7:1,додека Саса како гостин со невертојатни 1:8 го победи домашниот состав на Вардар.

Утре се играат уште два меча од ова 4.коло и тоа Тетекс – Слога (В) и Беласица – Детонит.

РЕЗУЛТАТИ – 4.КОЛО

Брегалница – Новаци 4:2

Кожуф – Преспа 7:1

Осогово – Скопје 2:3

Победа – Охрид 2:3

Шкендија (А) – Г. Коњари 4:0

Вардар (Н) – Саса 1:8

УТРЕ, 15:30 Ч

Тетекс – Слога (В)
Беласица – Детонит

ПретходноСилекс не застанува, Работнички не проработува
СледноВтора победа на Дортмунд сезонава