ВМФЛ: “Пиратите“ гостуваат во Кочани, Брегалница го дочекува Новаци

59

Денеска од 15:30 часот се играат шест мечеви од 4.коло во ВМФЛ. Интересно би требало да биде во Кочани каде домашниот состав го дочекува составот ја Скопје. И двете екипи по првите три кола успеаја да освојат по 4 бода.

Брегалница игра дома со Новаци, во меч во кој штипските “сини“ ако победат и натаму ќе останат на чело на табелата или на делба на лидерската позиција.

Шкендија (А) не ни требало да има проблем со екипата на Г.Коњари која досега нема освоено ниту еден бод и на три меча прими дури 16 голови.

Денеска се играат и мечевите Кожуф – Преспа, потоа Победа – Охрид и Вардар (Н) – Саса.

Утре се среќаваат Тетекс – Слога (В), меч кој се игра на Градскиот стадион во Тетово како и натпреварот Беласица -Детонит.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (15:30 Ч)

Брегалница – Новаци

Кожуф – Преспа

Осогово – Скопје

Победа – Охрид

Шкендија (А) – Г. Коњари

Вардар (Н) – Саса

УТРЕ (15:30 Ч)

Тетекс – Слога (В)

Беласица – Детонит

ТАБЕЛА

Беласица 7, Брегалница 7, Кожуф 7,Шкендија (А) 7, Детонит 6, Новаци 6, Охрид 4, Скопје 4, Осогово 4, Слога (В) 3, Преспа 3,Вардар (Н) 3, Тетекс 3, Саса 2, Победа 1, Г. Коњари 0.

ПретходноВеќе е познат наследникот на Пешиќ на клупата на Србија
СледноСтигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик