Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров е во одлична голгетерска форма. Викендов тој за младинскиот тим на Црвена Звезда повторно е стрелец, по петти пати сезонава.
Неговиот гол е дел од победата против тимот на Спартак на гостински терен, а покрај Гаштаров, за тимот секако настапи и стандардниот десен бек, Горазд Ристовски.
Гаштаров иако генерација помлад веќе е стандарден во У21 генерацијата на Македонија, а дебитираше и за сениорскиот тим на Црвена Звезда.