Легендата влезе во полуфинале: Со 38 години сака ново финале и медал на „стотка“

25
фото: CITIUS MAG (X)

Јамајканската спринтерска легенда Шели-Ан Фрејзер-Прајс лесно се пласираше во полуфиналето на трката на 100 метри на Светското првенство во Токио, а Жулиен Алфред која е главна фаворитка за златото направи впечатлив исход на трката како најава за напад на светскиот трон.

Јамајканската кралица на спринтот Шели-Ан Фрејзер-Прајс ги одржа своите надежи дека ќе го заврши и ова СП со медал со тоа што обезбеди пласман во полуфиналето на 100 метри трчајќи во седмата квалификациска трка, заедно со уште една ветеранка Мари-Жозе Та Лу-Смит. Фрејзер-Прајс го освои второто место, зад Та Лу-Смит, но со нетрпение го чека полуфиналето.

38-годишната „Џебна Венера“ имаше 11-то време во квалификациите, но тоа сигурно нема да и значи ништо во очекување на утрешните три полуфинални трки.

ПретходноБрентфорд извади реми: Челзи остана без победа во судиското продолжение