Пешиќ ги изговори магичните зборови: Време е за нов селектор

54
фото: fiba.basketball

Иако после елиминацијата на Србија во осминафиналето против Финска, Светислав Пешиќ изјави дека нема да поднесе оставка, сепак разделбата е неизбежна.

Пешиќ, во интервју откри дека ќе се повлече и ќе му помогне на претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ, во изборот на новиот селектор на српската репрезентација.

Пешиќ даде интервју за „Политика“ и потврди дека повеќе нема да биде на чело на националната кошаркарска репрезентација.

„Дојде време да се најде нов тренер кој ќе може да го продолжи она што го започнавме. Му ветив на Човиќ дека ќе ја исполнам улогата што ми ја додели во изборот на новиот селектор до крај“, изјави Пешиќ за „Политика“.

Во последните денови, тој беше цел на сериозни јавни критики, но, како што вели, тоа не го засега.

„Не ме засегаат критиките од луѓе за кои не ми е грижа“, рече Пешиќ.

Значи, неговото заминување е неизбежно. Прашањето останува – кој ќе го наследи?

ПретходноХаланд: Нема да сфатам што сум постигнал до крајот на кариерата
СледноАтаман го „пецна“ Никола Јокиќ!