Повратнички 20-тина минути за Елмас: Наполи славеше против Фиорентина (ВИДЕО)

29
фото: Lega Serie A (X)

Наполи ја продолжи победничката низа од почетокот на сезоната во Серија А, откако славеше вечерва на гостувањето во Фиренца против Фиорентина со 1:3. Во првиот меч по репрезентативната пауза, италијанскиот првак покажа дека во извонредна форма ја дочека и новата сезона, гладен за победи дојде до нов триумф.

Де Брујне од пенал во 6. минута го отвори резултатот за 0:1, додека Хојлунд со својот дебитантски гол во составот на наполитанците во 14. минута зголеми и на 0:2.

Во второто полувреме гостите преку уште еден дебитант, Сам Беукема погодија и за 0:3, додека Фиорентина доцна се разбуди, па покрај голот на Раниери во 79. минута имаше уште неколку добри шанси од кои не успеа да постигне уште некој гол.

Нашиот Елиф Елмас влезе во 69. минута и ги одигра првите минути во дресот на својот поранешен клуб. Во самата завршина Елмас имаше и шанса за гол, но неговиот шут го одбрани Де Геа.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЗи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција
СледноБрентфорд извади реми: Челзи остана без победа во судиското продолжение