Силекс не застанува, Работнички не проработува

81
ФОТО: FK Sileks/FB

Тимот на Силекс и викендов е добитен, откако на домашен терен во рамките од петтото коло од домашмниот фудбалски ПМФЛ шампионат успеа да слави со конечни 3:1, над тимот на Работнички.

Кратовци сезонава одлично ја стартуваа и ова е за нив петта победа во исто толку мечеви. Домаќинот на овој меч одигра на потребното ниво како и досега и очиглендо нема намера да застане. Од друга страна пак Работнички очигледно дека има огромни проблеми со формата, и пред се реализацијата, затоа што во петтото коло прв пат погоди и тоа со удар од белата точка.

Откако Силекс претрпе мини удар со излегувањето на првиот гомна Џеков, кој што во дуелот со Трајков се повреди, и на голот застана искусниот Даниел Божиновски, во 33. минута дојде до водство. Асистенцијатаа од лево, напаѓачот Хргановиќ одлично ја искористи и погоди во аголот на голот на Василев. Се можеше да биде поинаку ако Кадриу минути претходно не погоди ама од буквално позивија празна мрежа.

Во вториот дел, Ади Алиќ на вистина на задачата за 2:0 во 61. минута, а последниот половина час интересен го направи Џелил Асани кој што погоди конечно за Работнички од белата точка. Сепак, гостите од Скопје немаа сила за ништо повеќе од чесен пораз. Во самиот финиш на мечот по интервенцијата на ВАР, голот на Матески беше признат за конечни 3:1.

Силекс е лидер на табелата со перфектни 15 бода засега, а Работнички е претпоследен со само еден бод.

 

ПретходноПремиерна победа и за Брера сезонава
СледноВМФЛ: Брегалница од -2 до убедлив триумф, Скопје победнички во Кочани, Саса броеше до 8 а Кожуф до 7!